Претходна статија
Тодор Александров ќе дојава со нов студентски дом во Карпош 1
Следна статија
Со јапонска помош ќе се реконструираат две училишта во Куманово и Струга

АД „Карпош“ ја зголемил добивката од работењето во 2016 година

Објавено на 13.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Годишната добивка на фирмата АД „Карпош“ од Скопје пораснала за 23% во текот на 2016 година. Според неконсолидираниот финансиски извештај објавен на веб-страницата на Македонска берза, оваа градежна компанија лани остварила севкупна добивка од 23.166.000 денари. Бруто добивката на АД „Карпош“ била поголема за 63% во споредба со 2015 година, додека вкупните приходи од продажба изнесувале 790.723.000 денари. Во делот на приходите, најголем раст е забележан во ставката „промени на залихите на готови производи и производство во тек“.

 


* Населбата „Александрија“, инвестициски потфат на АД „Карпош“

 

Вкупниот капитал на АД „Карпош“ на крајот од 2016 година се искачил на 314.541.000 денари, додека акумулираната загуба од 2015 година во висина од 18,8 милиони денари била надмината. Заклучно со 31 декември, фирмата со остварениот минатогодишен профит успеала да акумулира добивка во износ од 4.305.000 денари.