Претходна статија
Аеродромот во Охрид годинава ќе има рекорден број на патници
Следна статија
Со пешачко - велосипедска патека ќе се развива туризмот во Центар Жупа

Штипски „Бетон“ лани натрупал загуби од над 95,1 милиони денари

Објавено на 14.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Штипската градежна компанија „Бетон“ лани успеала да оствари загуба од нејзиното работење во висина од над 95,1 милиони денари, покажува неревидираниот финансиски извештај објавен на веб – страницата на Македонска берза. Огромниот негативен резултат од работењето првенствено се должи на намалувањето на вкупните приходи на фирмата. Тие во 2018 година изнесувале 250.622 илјади денари, односно биле помали за 56,1% во споредба со претходната година.

 

 

Во делот на вкупните расходи, лани тие изнесувале 345.797 илјади денари и се намалени за 68,87% споредено со 2017 година. „Неликвидноста не пратеше целата година која резултираше со недостаток на средства за одржување на тековното работење и набавка на репроматеријал за работа и редовно сервисирање на обврските. Одливот на работници во екот на градежната сезона директно се одрази на реализацијата и претење на динамиката на градба на објектите“, посочуваат од штипски „Бетон“ во публикуваниот извештај.