Претходна статија
Нов Клинички центар нема, СДСМ критикува, власта вели проектот ќе се реализира
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Израсна бетонската конструкција за споменикот на Мајка Тереза

Наскоро ќе се знае новиот сопственик на земјиштето кај Скопски саем

Објавено на 03.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Скопски саем“ најдоцна до февруари ќе го објави името на новиот сопственик на земјиштето на кое требаше да се гради мега-проектот „Ера Сити“. Според информациите на „Утрински весник“, периодов се водат завршни преговори со инвеститор што е заинтересиран да го купи земјиштето. Подетални информации во врска со проектот ќе треба да се почекаат до наредниот месец, но затоа пак е познато тоа што треба да се гради на атрактивната локација. Урбанистичкиот план на ова место предвидува изградба на станбени згради, деловни објекти, спортски игралишта, трговски центри, објекти од културата и објекти за државна администрација.

 

 

Огласот за продажба на земјиштето беше објавен од „Скопски саем“ во март 2016 година. На приватниот сектор му беа понудени четири градежни парцели со површина од околу 80.000 метри квадратни. Првичната информација на самиот огласувач беше дека преговорите ќе бидат необврзувачки, што би значело дека „Скопски саем“ нема да го продаде земјиштето ако не е задоволен од доставените понуди.

 

Проектот „Ера сити“ беше инициран во 2008 година, кога започна изградбата на деловен објект од 33.600 метри квадратни веднаш до Скопскиот саем. Набрзо потоа градежните работи запреа, а денес на оваа локација има единствено градежна јама.