Претходна статија
ТЕМА: Македонските градови заборавија на европската регулатива за енергетска ефикасност
Следна статија
Пожар во „Стариот театар“ во изградба

Промовирана најголемата вештачка карпа на Балканот

Објавено на 04.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Иако е ставена во функција уште од мај, големата вештачка карпа за качување на кејот на Вардар во Карпош денес беше и официјално пуштена во употреба од страна на премиерот Никола Груевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски. Комплексот се состои од главна карпа, помошна карпа, трибини и соблекувални за спортистите. Главната карпа е висока 22 метри и има површина од 330 метри квадратни, со делови за брзинско и тежинско натпреварување. Нејзе можат паралелно да ја користат 15 лица. Според надлежните ова е најголемата вештачка карпа на Балканот. Помошната карпа – болдер, е висока околу пет метри и има површина од 70 метри квадратни. Од Македонската спортско качувачка федерација најавуваат организирање на бројни меѓународни натпреварувања на новиот спортски објект.

 

###

###