Претходна статија
Потпишани договори за реализација на колонадата од Скопје 2014
Следна статија
Државата им го префрли градежното земјиште на осум општини

Споменикот на Карев поставен на постаментот пред Собранието

Објавено на 28.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После неколкудневно склопување на деловите на 7-метарскиот бронзен споменик на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, тој денес беше поставен на постаментот пред државното Собрание. Постаментот е висок 5 метри и веќе стандардно за „Скопје 2014“ тој е обложен со травертин и бронзени релјефи со мотиви од македонската историја. Автор на споменикот вреден 715.000 евра е Богоја Анѓеловски, а изработен е во италијанската леарница „Фердинандо Маринели“ од Фиренца. Во меѓувреме не стивнува трендот за нарачување на нови споменици. Најнови од низата се спомениците на Павел Шатев и Христо Татарчев кои ќе бидат поставени до Триумфалната порта и на Кузман Јосифовски – Питу кој ќе биде поставен во паркот „Жена Борец“. Следува конкурс за идејни решенија, а потоа и тендери за избор на леарница.

 

####

####