Претходна статија
Нема абер од нови пунктови и велосипеди за изнајмување во Скопје
Следна статија
Македонија ги обезбеди средствата за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица

Гранит ќе ги обновува локалните патишта низ Македонија

Објавено на 20.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија Гранит деновиве објави дека потпишала 7 нови договори за ангажирање на нејзината оператива, во кои како главни инвеститори се јавуваат Агенцијата за државни патишта, А.Д. за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката и турската компанија ТАВ. Со Агенцијата за државни патишта се потпишани два договора за реконструкција на локални патишта во Р.М. во Североисточниот, Источниот, Вардарскиот и Југоисточниот регион со вкупната вредност од 421.580.100 денари, при што компанијата има рок од 10 месеци да ги заврши градежните работи.

 

 

 

 

Гранит склучи и два нови договори за изведбени работи поврзани со скопскиот аеродром „Александар Велики“. Оваа компанија е избрана да го изгради сообраќајниот јазол за поврзување на аеродромот „Александар Велики“ од страна на турската компанија ТАВ и е задолжена да ги заврши работите во рок од 3 месеци. Вториот договор се однесува за изведба на асфалтерски работи на скопскиот аеродром во вредност од 500.323 евра, а како инвеститор на овој проект се јавува скопската подружница на компанијата Hadi Şahim Intepe.

 

Два договора се склучени и со локалните самоуправи во земјава. Општините Илинден и Струмица ја избраа компанијата Гранит за изведба, реконструкција и асфалтирање на локални патишта и улици во овие две општини. Покрај изведба на патната инфраструктура, компанијата Гранит е избрана да го гради објектот Катна гаража 5.13 Мал ринг во строгиот центар на Скопје со рок на изведување на работите од 12 месеци.

 

 

Бојан Блажевски