Македонската компанија „Стил Kон“ денес во кумановско Младо Нагоричане свечено го пушти во употреба новиот погон за преработка на арматурно железо, инвестиција вредна 3,5 милиони евра од кои 750.000 евра се обезбедени како грант од Владата на Кралството Холандија. За само неколку месеци во текот на 2011 година е изграден објектот на површина од 2.600 метри квадратни во кој ќе се конфекционира арматурното железо. Со оваа инвестиција ќе се отворат околу 100 нови работни места.
Според податоците на компанијата, новиот погон е предвидено да има и складишен простор на површина од 8.000 метри квадратни. Со ова вложување компанијата „Стил Кон“ го проширува својот производствен капацитет со втора фабрика, покрај првичниот производствен погон на челични конструкции со површина од 2240 метри квадратни.
Бојан Блажевски