Со обраќање на премиерот на Р.М. Никола Груевски и со изведба на голем музички спектакл, вечерва беше свечено промовиран споменикот „Воин на коњ“ и придружната фонтана. Александар Македонски на скопскиот плоштад е изработен во бронза, висок е 14,5 метри, а тежок е 30 тони. На долниот дел од постаментот се поставени осум воини од војската на античките Македонци и осум лавови во склоп на фонтаната. На дното на истата е изработен и мозаик.
Како авторот на споменикот се јавува Валентина Стевановска, а истиот го изработија италијанските леарници „Фернандо Маринели“ од Фиренца и „Гвастини“ од Виченца, Италија. Целокупниот проект чини 9,4 милиони евра, од кои 5,3 милиони евра се потрошени за изведување на самиот споменик, а останатите 4,1 милиони евра се исплатени за изработка на постаментот и фонтаната. Финансиските средства за овој проект од „Скопје 2014“ се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија.
» Форумска дискусија за овој проект
Фото галерија
|