Претходна статија
68 двокатни автобуси на ЈСП пуштени во употреба
Следна статија
Ќе се гради нова катна гаража кај „Работнички дом“

Отворен аеродромот „Александар Велики“

Објавено на 06.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во присуство на целокупниот државен врв, претставници на турската компанија „ТАВ“ и неколку стотици граѓани, денеска е отворен обновениот и реконструираниот аеродром „Александар Велики“. Во рамките на проектот е изградена нова терминална зграда на површина од 40.100 метри квадратни со шест пристапни мостови кон авионите и 23 места за чекирање. На приземјето од новиот објект се наоѓа делот за пристигнување, со чекална, пунктови за чекирање, споменикот на Александар Велики, неколку штандови на авионски и рент-а-кар компании и угостителски објект. На катот од новата терминална зграда се наоѓа делот за полетување, со пунктови за царина и пасошка контрола, пристапни мостови за влегување во авион и неколку пропратни објекти, меѓу кои и првиот ресторан за брза храна на компанијата „Бургер кинг“.

 

Покрај новата терминална зграда, ТАВ изгради пристапни патишта кон овој објект и паркинг со капацитет од 1.300 возила. Во рамките на целокупниот проект се изградени и карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, противпожарна зграда и службена зграда со површина од 5.000 метри квадратни. Турците ја проширија и постоечката писта за 500 метри на југ. Инвеститорот вложи 100 милиони евра во овој проект, најмногу во новата терминална зграда, која од 9 – ти септември ќе го прими целокупниот сообраќај на скопскиот аеродром. Со извршената целокупна модернизација истиот ќе има капацитет да опслужи 4,3 милиони патници годишно.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Фото галерија:

 

Новиот терминал од страна на паркингот

Аеродром „Александар Велики“ Аеродром „Александар Велики“ Аеродром „Александар Велики“
Поглед кон пристапните мостови Поглед кон пристапните мостови Пристапната улица до терминалот
 

Новиот терминал од страна на пистата

Аеродром „Александар Велики“ Аеродром „Александар Велики“ Аеродром „Александар Велики“
Аеродром „Александар Велики“ Аеродром „Александар Велики“ Аеродром „Александар Велики“
Аеродром „Александар Велики“ Аеродром „Александар Велики“ Аеродром „Александар Велики“
 

Влезот во терминалната зграда

Аеродром „Александар Велики“ Места за чекирање багаж Места за чекирање багаж
Места за чекирање багаж Аеродром „Александар Велики“ Приоди кон делот за заминувања
Аеродром „Александар Велики“ Чекална во делот за пристигнувања Статуата на Александар Велики
 

Дел за пристигнувања

Влез во делот за пристигнувања Врска со делот за заминувања за трансфер патниците Шалтери за пасошка контрола
Шалтери за пасошка контрола Превземање на багаж Превземање на багаж
 

Дел за заминувања

Дел за заминувања Дел за заминувања Дел за заминувања
Duty Free Shop Ресторанот на Burger King Ресторанот на Burger King
Коридорот кон пристапните мостови Влез во пристапните мостови Дел за заминувања
 

Пристап и паркинг

Паркинг Паркинг Паркинг
Излез од паркингот Пристапни патишта Кружен тек
Нов пристап до автопатот во изградба Припрема за хортикултурно уредување Припрема за хортикултурно уредување