Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска свечено ги промовираше новите двокатни автобуси на кинескиот производител „Јутонг“ и нископодните украински автобуси со што се обнови половина од целокупниот возен парк на ова јавно претпријатие. „Пред нас е новото лице на градскиот сообраќај во Скопје, пред нас се новите автобуси од кои 39 нископодни, 67 двокатни и еден панорамски двокатен автобус. Со веќе пристигнатите тоа се вкупно 149 автобуси или една половина од возниот парк на ЈСП. Во наредните две години ќе пристигнат и останатите автобуси со што целосно ќе биде обновен возниот парк на ЈСП Скопје“, истакна во своето обраќање премиерот Никола Груевски.
Даблдекерот на кинески „Јутонг“ е долг 10,6 и висок 4,2 метри, а го придвижува 6,7 литарски мотор од производителот „Cummins“ со моќност од 220 коњски сили. Нарачани се вкупно 202 двокатни автобуси за градскиот превоз во Скопје, а дополнително се нарачани и 15 отворени двокатни автобуси. Вкупниот капацитет на еден даблдекер изнесува 80 патници, од кои 40 седишта се на горната платформа, додека на долната платформа има 20 седишта и 20 места за стоење. Владата на Р.М. за секој двокатен автобус плати по 177.000 евра. Кинескиот производител има обврска да ги испорача останатите двокатни автобуси до 2013 година.
Форумска дискусија:
Фото галерија