Претходна статија
„Кромберг и Шуберт“ набргу ќе стартува со изградба во Жабени
Следна статија
„Фибула ер травел“ излезе со детали за хотелот што ќе го гради кај Билјанини извори

Камен темелник за два погони на „Мадерсон“ во Бунарџик

Објавено на 31.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Уште еден производител на автомобилски делови влегува во „Бунарџик“. После двегодишни преговори со Владата, индиската групација „Мадерсон“ (Samvardhana Motherson Group), преку својата членка „Samvardhana Motherson Reflectec“ денес отпочна со изградба на два производствени капацитети во Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 1. „Мадерсон“ ќе гради на површина од 2,7 хектари и ќе вложи 12 милиони евра. Во едниот од објектите ќе се производуваат лиени делови за автомобилски ретровизори, а во другиот за стакло за ретровизори. Погоните треба да бидат во функција за една година и да вработуваат 140 лица. Целото производство е наменето за германските производители на автомобили кои ќе ги добиваат готовите ретровизори претходно склопени во фабрика на групацијата во Унгарија. После „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“, „Текнохоуз, „Кемет Електроникс“ и „Продис“, ова е шестиот производител кој влегува во слободната зона „Бунарџик“

 

„Мадерсон“ Групацијата е формирана во 1975 година со двајца вработени. Денес има над 90 производствени капацитети поддржани од центри за дизајн и канцеларии за поддршка во повеќе од 21 земја, со над 40.000 вработени. Нуди интегрирани системски решенија за автомобилската индустрија кои вклучуваат дизајн, изработка на прототипови, обликување, монтирање и крајно производство на интегрирани модули. „Мадерсон Рефлектек“ произведува надворешни ретровизори, внатрешни ретровизори и системи за откривање на мртви точки за патнички возила. Има 16 производствени погони во 12 земји на 4 континенти.