Претходна статија
Патничкиот сообраќај во пораст, товарниот превоз со поголем пад
Следна статија
Камен темелник за два погони на „Мадерсон“ во Бунарџик

„Кромберг и Шуберт“ набргу ќе стартува со изградба во Жабени

Објавено на 31.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ (Kromberg & Schubert) денеска од Општина Битола доби одобрение за градба на фабрика за автомобилска опрема која ќе биде лоцирана во индустриската зона „Жабени“. Уредувањето на земјиштето се најавува дека ќе почне уште во текот на наредната недела. Се работи за површина од над 20 илјади метри квадратни. Михаил Димитровски, претставник на консултантската и проектантска фирма „Иванов инженеринг“ од Битола изјави дека производниот и магацинскиот дел ќе биде изграден до март, а административниот објект и партерот ќе бидат завршени кон крајот на мај наредната година.

 

Според Димитровски, во првата фаза се очекува вработување на околу 2.500 лица со можност таа бројка да порасне на 4.000 лица. Кон крајот на мај годинава, при обелоденувањето на влезот на „Кромберг и Шуберт“, беше најавено дека нивната фабрика во Жабени во прва фаза ќе вработува 400 лица, а во крајната фаза би имала 2.500 вработени. Тогаш беше спомната инвестиција тешка 20 милиони евра.

 

„Кромберг и Шуберт“ се занимава со производство на кабли и мехатроника. Основана е во 1902 година и во моментов има 26 производни капацитети ширум светот.