Стартуваше изградбата на долго најавуваниот кружен тек на вкрстувањето помеѓу улиците Париска и Варшавска, во скопската населба Тафталиџе [»мапа]. Изведувач е фирмата „Анизор“, а од Општина Карпош најавуваат брзо завршување на работите, во рок од 15 дена. Проектот исто така предвидува хортикултурно уредување, ново осветлување, како и реконструкција на улицата Париска на потегот помеѓу кружниот тек и поранешната фабрика „Алумина“, односно до улицата Прашка.