Претходна статија
Во Бунарџик влегува и фармацевтската индустрија
Следна статија
ОСВРТ: Нема абер ниту од електрични автомобили, ниту од потребната инфраструктура за нив

Пробиштип доби аква парк

Објавено на 20.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Денес во Пробиштип, на 18 илјади метри квадратни, беше отворен првиот аква парк во државава. Инвестицијата е тешка над два милиони евра и ќе вработува 50-тина луѓе. Сепак проектот сеуште не е целосно реализиран и останува да се заокружат дел од рекреативните содржини и да се доврши хортикултурното уредување. Сопственикот, Владо Стојановски,  најавува дека во рамките на паркот ќе биде изграден и хотел. Во меѓувреме, во скопската општина Аеродром, на локацијата каде што „Манд интернационал“ треба да гради аква парк на околу 37 илјади метри квадратни, сеуште се одвиваат земјените работи. „Манд интернационал“ во април 2010 од државата купи 25.260 метри квадратни, со обврска да обезбеди одобрение за градба во рок од 9 месеци и да ги изгради објектите во рок од 2 години после добивањето на одобрение. Во март годинава фирмата ја зголеми површината, купувајќи дополнителни 11.408 метри квадратни за истата намена.