„Скопје 2014“ ќе биде збогатен со пет-метарски коњанички скулптури на Димитар Поп-Георгиев Беровски и на Питу Гули, изработени од бронза. Споменикот на Питу Гули чив автор е Кристина Пауновска ќе се лее во белградската леарница „Јеремиќ“ за 118.192 евра. Во загребската леарница „Ујевиќ“, пак, за 67.155 евра ќе биде излеан споменикот на Димитар Поп-Георгиев Беровски. Негов автор е Гоце Наневски. За Питу Гули е предвидено место во паркот Жена – Борец, додека Димитар Беровски ќе биде поставен на Плоштадот Македонија. Како нарачател формално фигурира Општина Центар, но финансиите како и за другите споменици од „Скопје 2014“ ги обезбедува централната власт, односно Министерството за култура. Засега нема никакви најави кога ќе почнат да се прават постаментите и кога спомениците ќе бидат поставени.