Претходна статија
ОСВРТ: Интересот за сончеви електрани огромен, готовите проекти малку
Следна статија
Легализацијата на дивоградбите се одвива со различно темпо по градовите

Булеварот Илинден ќе се проширува до бензинската пумпа на Макпетрол

Објавено на 04.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градот Скопје денес ги отпочна градежните активности за проширување на булеварот Илинден на потегот од крстосницата со булеварот 8 – ми Септември до бензинската пумпа на Макпетрол во должина од 280 метри. Со реконструкцијата се предвидува овој дел од булеварот да добие 4 коловозни ленти, дополнителна лента за вртење во лево, велосипедска патека од десната страна на булеварот и поставување на семафори на #крстосницата на булеварот Илинден со улиците Бледски договор и Борис Трајковски.

 

Покрај надземните градежни работи, се предвидува и поставување на атмосферска канализација и усогласување на подземните инсталации на овој булевар. Изведувач на работите е ЈП Улици и Патишта, а крајниот рок за завршување на реконструкцијата е 2 месеци. Засега не се соопштуваат информации за најавеното целосно проширување на булеварот Илинден до населбата Карпош 4. Во септември 2010 година беше пуштен во употреба реконструираниот булевар на потегот од крстосницата со булеварот Св. Климент Охридски до крстосницата со булеварот 8 – ми Септември.

 

 

Бојан Блажевски