Претходна статија
Почнува исцртувањето на нов ГУП за Скопје
Следна статија
Веро Центарот го добива својот лик

Напролет ново градилиште на кејот

Објавено на 21.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУПНа кејот од левата страна на Вардар ќе се гради нов објект во кој се планира да бидат сместени Јавното обвинителство и Управата за финансиска полиција. На конкурсот распишан од Службата за општи и за заеднички работи на Владата нема победник, но се откупени два труда. Се најавува објектот да биде во јонски и во готски стил. Стартот на изградбата е предвиден за напролет, а се очекува подготвителните работи да одземат околу половина година. Во буџетот за 2010 се одвоени 300.000 евра за проектот.


Маркичката 7.11 беше за прв пат вцртана во последната верзија на ДУП Мал Ринг. Таа има кружна форма и максимална дозволена висина до 35 метри.  Се наоѓа на платото пред Македонската Опера и Балет, помеѓу објектот на Комерцијална Банка и планираното Министерство за надворешни работи.


Инаку засега обвинителството е кираџија во објектот на ССМ, а финансиската полиција е сместена на улица Димитрија Чуповски, близу нејзиното матично Министерство за финансии. Одлуката за сместување на обвинителството и финансиската полиција во ист објект произлегла од нивната сродност.