Нов административно – деловен објект ќе се гради во Крива Паланка, по принципот на јавно – приватно партнерство помеѓу локалната самоуправа и фирмата „Мијоли“ од Скопје. Општината ќе се сели во нови простории со површина од 470 метри квадратни, со што ќе се реши проблемот со обезбедување на простор и услови за работа на општинската администрација.
Според изготвената студија, приватниот партнер ќе инвестира околу 550.000 евра, при што предвидената вкупна површина на објектот изнесува 1.021 метри квадратни со сутерен, приземје и два ката. За возврат, приватниот инвеститор за деловни потреби ќе го добие сутеренот и приземјето со површина од 551 метри квадратни. Според интернет – порталот на општина Крива Паланка, со изградбата на овој објект ќе се добие нов, современ и многу поголем простор за локалната самоуправа, а притоа од градскиот буџет ќе се вложат минимални средства во проектот.
» Форумска дискусија за овој проект
Бојан Блажевски