Претходна статија
Ќе доцни префрлањето на државното градежно земјиште на општините
Следна статија
Скопските таксисти од денес со унифицирани ознаки

Оформен споменичниот духовен триаголник во Охрид

Објавено на 03.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вчера на градскиот плоштад во Охрид беше поставен споменик на Свети Наум Охридски, а денес, на празникот посветен на светителот, ќе се одржи свечена церемонија и негово формално откривање. Бронзената споменична скулптура заедно со постаментот е висока 6,5 метри и чинеше 165 илјади евра. Изработена е во српската леарница „Браќа Јеремиќ“. Автор е академикот Томе Серафимовски, кој исто така е автор на веќе постоечките споменици на Светите браќа Кирил и Методиј (1989) и на Свети Климент Охридски (2006), кои се во непосредна близина. Со ова се комплетираше дамнешната идеја за духовен триаголник на овие великани на сесловенската писменост и култура, во центарот на Охрид.

 

*Извор: интернет – портал на општина Охрид*Извор: интернет – портал на општина Охрид*Извор: интернет – портал на општина Охрид

*Извор: интернет – портал на општина Охрид*Извор: интернет – портал на општина Охрид