Претходна статија
„Кемет Електроникс“ отпочна со градба во Бунарџик
Следна статија
Ќе доцни префрлањето на државното градежно земјиште на општините

Граѓаните чекаат последен момент за да ги легализираат дивоградбите

Објавено на 01.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски на денешната прес – конференција изјави дека до 30.6.2011 година се поднесени 40.758 барања за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти, а од нив досега се решени 1.865 предмети. Ако се земе во предвид податокот дека во земјава постојат околу 310.000 дивоградби, тогаш може да се констатира дека граѓаните и овој пат чекаат последен момент за да ги поднесат документите.

 

Најголем дел од пристигнатите барања се од скопските општини, при што во Аеродром се поднесени 4.200, во Гази Баба 3.750 и во Кисела Вода 3.092 апликации. Од другите општини надвор од Скопје предничи Прилеп со поднесени 2.500 барања, а оваа општина е лидер и во бројот на завршени предмети со издадени 160 решенија за легализација на бесправно изградените објекти.

 

Законот за постапување со бесправно изградени објекти стапи на сила на 3.3.2011 година со што граѓаните ја имаат можноста своите дивоградби да ги легализираат по цена од 1 евро за метар квадратен, а овој надоместок за општините можат да го платат и на 12 месечни рати. Рокот за поднесување на барањата за легализација на објектите истекува на 3 септември 2011 година.

 

Потребните документи кои треба да се приложат кон барањето за легализација може да ги пронајдете » овде

 

 

Бојан Блажевски