Претходна статија
Нова тура споменици
Следна статија
И во Македонија се може: прва хибридна куќа во Братиндол

7,2 милиони евра за рехабилитација на автопатот Катланово – Велес

Објавено на 23.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

М-1, делница Катланово - ВелесГрадежната компанија „Гранит“ потпиша договор со Агенцијата за државни патишта за рехабилитација на делницата Катланово – Велес на автопатот М-1. Вредноста на договорот е 444.462.673 денари, односно околу 7,2 милиони евра. Рокот за завршување на работите е 18 месеци. Моменталната состојба на коловозот е очајна, а рехабилитација се најавува веќе цели пет години, од почетокот на проектот за санација и зајакнување на мостовите долж М-1, финансиран од страна на НАТО сојузот. „Гранит“ учествуваше и во тој проект, како подизведувач на турската компанија „Џесаш“ (Cesaş). Во проектот како подизведувач исто така зеде значајно учество и домашната фирма „Синтек“.

 

Форумска дискусија за овој проект » овде