Претходна статија
Архитектонско разубавување на запуштени објекти низ земјава
Следна статија
Тежок почеток, но светла иднина за ТАВ и авиосообраќајот

Штип штеди со енергетски ефикасно улично осветлување

Објавено на 20.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

*Извор: интернет - портал на општина ШтипДеновиве во Штип започна замената на старите улични светилки со нови економични и штедливи светилки. Овој град ќе биде првиот во Македонија кој целосно ќе го замени јавното осветлување со енергетски ефикасни светилки. Проекциите на општинските власти говорат дека во наредните месеци ќе бидат заменети сите 2.919 светилки во градот, а планирано е поставување на ново осветлување и во оние делови од Штип кои во моментов се легализираат.

 

Проектот се реализира преку јавно – приватно партнерство помеѓу општина Штип и велешката компанија „Глобал Енерџи Системс“, а вкупната инвестиција изнесува 160 милиони денари. Пресметките на општинските власти велат дека ќе се оствари финансиска заштеда од 60% по комплетната замена на светилките, со што градот ќе потроши 2 милиони евра помалку за улично осветлување во наредните 12 години.

 

Енергетски ефикасните светилки веќе се применуваат во Европската унија со донесената регулатива во 2008 година, при што тамошните прописи предвидуваат до 2012 година целосно да се заменат традиционалните светилки кои трошат многу повеќе електрична енергија. Прогнозите говорат дека при целосна замена на старото осветлување со нови штедливи светилки на ниво на ЕУ до 2020 година ќе се заштеди електрична енергија колку што во моментов троши цела Белгија. Експертите од Македонија веќе излегоа со проекции дека целосната замена на светилките во земјава ќе заштеди струја еквивалентна на половина од годишното производство на енергија на хидроцентралата „Козјак“.

 

 

Бојан Блажевски