Големиот бронзен споменик на Александар Велики, утринава на делови почна да пристигнува на главниот плоштад во Скопје. Во наредните денови следува склопување и заварување на деловите, а во отсуство на официјални информации, според изјавите на работниците на терен, конечното поставување би се случило најрано за една недела. Во меѓувреме продолжуваат работите на украсните релјефи и инсталациите на фонтаната која воедно ќе биде и постамент на споменикот.
Споменикот со официјално име „Воин на коњ“ е изработен во леарницата „Фердинандо Маринели“ од Фиренца. За него Владата издвои 5,3 милиони евра, од кои 650 илјади и беа исплатени на авторката Валентина Стевановска. Дополнителни 4,1 милиони евра чини фонтаната – постамент. Според контредикторните полу-официјални информации кои досега беа пласирани, вкупната висина на целото здание се движи помеѓу 22 и 29,5 метри. Во долниот дел ќе има и осум воини од војската на античките Македонци, високи по три метри, како и осум лавови (четири во седечка позиција свртени нанадвор и четири во стоечки став свртени навнатре, од чиишто усти ќе тече вода). На дното на фонтата ќе има мозаик.
Форумска дискусија за овој проект » овде