Претходна статија
Нова ролерско - велосипедска патека на левата страна на Вардар
Следна статија
Булеварот Св. Климент Охридски ќе добие по уште една лента

„Македонско село“ ќе никне кај Горно Нерези

Објавено на 07.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес, во близина на манастирот Св. Пантелејмон во Горно Нерези, беше поставен камен темелник за проектот „Македонско село“. Комплексот ќе биде етнолошко, културолошко и туристичко претставување на Македонија преку изградба на автентични куќи од разни македонски краишта, како и традиционален ан, воденица, фурна, валалница, трло, штала и слични објекти кои треба да го доловат начинот на живот во минатото. Дел од комплексот ќе бидат и музеј во кој ќе биде изложен дел од нашето етнолошкото наследство, амфитеатар и рибник.

 

„Македонско село“ ќе се простира на површина од 15 илјади метри квадратни. Изградбата ќе чини 216 милиони денари (3,5 милиони евра), средства кои ги обезбедува Министерството за економија. Рокот за завршување на работите е 17 месеци. Изведувач е тетовската фирма „АК Инвест“, а за надзорот е задолжен „Евро Консалтинг“. Проектот го изработи „Боград“ од Струга.

 

 

Форумска дискусија за овој проект » овде