Претходна статија
Се тестира водоскокот од Скопје 2014
Следна статија
Нови станбени згради во Аеродром

Нов мост кај Сарај

Објавено на 02.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После долгогодишни најави и безброј одложувања, проблемот со дотраениот мост на Вардар кој ги поврзува Сарај и Ѓорче Петров конечно ќе биде решен. Поставен е камен темелник за нов армирано – бетонски мост кој ќе биде на растојание од 1,5 метар и ќе биде паралелен со стариот „железен“ мост, кој датира од 1945 година.

 

Финансиската конструкција за овој проект изнесува 96,8 милиони денари, односно нешто над 1,5 милион евра. Средствата се обезбедени од Град Скопје, Општина Сарај и Владата на Република Македонија. Проектот е изработен од страна на „Прима Инженеринг“, а изведувач на градежните работи е „Гранит“. Рокот за изведба е една година.

 

Новиот мост ќе има три распони и вкупна должина од 50 метри. Коловозот е проектиран со две сообраќајни ленти со ширина од по 3,5 метри, а ќе биде формирана и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри. Од двете страни ќе има тротоари со ширина од по еден метар. Заштитната ограда ќе се состои од челични столпчиња поврзани со профилиран лим.

 

Надлежните не прецизираа што се планира со стариот мост, а досега имаше неколку контрадикторни информации по тоа прашање. Нема официјално објаснување ниту зошто новиот мост отстапува за околу 200 метри од локацијата каде што е зацртан во Генералниот урбанистички план на Скопје.

 

 

Форумска дискусија за овој проект » овде