Претходна статија
Започна скопската недела на архитектурата
Следна статија
Архитектонско решение за градскиот плоштад во Штип

Отворен вториот дел на улицата Македонска Војска

Објавено на 01.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Денес во скопската населба Ѓорче Петров беше пуштен во сообраќај новиот сегмент на улицата Македонска Војска, како и дел од улицата Алексо Демниевски, до стадионот на ФК Македонија. Се работи за вкупна должина од околу 800 метри, а коловозот е широк седум метри. Поставена е атмосферска канализација со променлив профил од 300 и 400 милиметри, како и 26 столбови за улично осветлување. Тротоари недостасуваат на поголем дел од трасата. Град Скопје во овој проект вложи 25 милиони денари, а на изградбата беше ангажирана градежната компанија „Гранит“. Работите на терен започнаа во јули минатата година и требаше да завршат до јануари годинава.

 

„Македонска Војска“ според Генералниот урбанистички план на Скопје е планирана како булевар кој треба да се продолжи кон југ и премостувајќи го Вардар, со клучка да се поврзе со идниот Јужен Булевар. Во 2008 година Трифун Костовски ја реализираше првата фаза од изградбата на сообраќајницата, односно сегментот помеѓу црквата Св. Петар и Павле и булеварот Ѓорче Петров.

 

Форумска дискусија за овој проект » овде

 

###

###