Претходна статија
Патниот сообраќај со силен раст, железничкиот се намалува
Следна статија
Започна скопската недела на архитектурата

Гостивар ќе добие чиста и здрава вода за пиење

Објавено на 01.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи го потпиша договорот со компанијата ЦМЦ – Екокон за изградба на филтерска станица за водоводот во Гостивар. Проектот „Проектирање и изградба на филтерска станица на системот за водоснабдување во Гостивар“ трајно ќе го реши проблемот со обезбедување на исправна вода за пиење за граѓаните на Гостивар и 10 околни селски населби. Зафатот предвидува две фази на реализација, во првата фаза е предвидена изработка техничка и планска документација за изградба на филтер станица со производствен капацитет од 1200 (m3/h), додека во втората фаза е предвидена изградба на станицата која ќе има 12 автоматски микрофибер филтри за вода.

 

Жителите од овој град се снабдуваат со вода од изворот „Вруток“, кој ги задоволува моменталните и идните потреби на населените места, но обилните врнежи во одредени периоди од годината ја заматуваат водата за пиење од изворот со што истата е неупотреблива за пиење. а 2.000.000 евра, а како договорен орган на проектот се јавува Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општина Гостивар и ЈКП „Комуналец“ Гостивар. Со изградбата на филтер – станицата ќе се реши деценискиот проблем на гостиварчани, кои често остануваат жедни за вода, иако живеат во регион во кој се регистрираат најголемите количества врнежи во Република Македонија во текот на годината.

 

 

Бојан Блажевски