Претходна статија
ОСВРТ: Капиталните проекти ни ги градат странски институции
Следна статија
Камен темелник за катна гаража кај „Беко“

Дравас инженеринг гради бизнис центар во Прилеп

Објавено на 22.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вчера во центарот на Прилеп беше поставен камен темелник за нов објект со вкупна површина од 15 илјади метри квадратни. Со инвестиција од околу 5 милиони евра, инвеститорот „Дравас инженеринг“ од Струмица ќе гради бизнис центар кој покрај деловен и трговски простор, ќе располага и со катна гаража. Изведувач е прилепската фирма „Теракота“, а завршување на објектот се очекува до крајот на годината. „Дравас инженеринг“ ја купи државната парцела со површина од 3.102 метри квадратни на јавно наддавање во август 2009 година, по цена од 15,5 милиони денари, односно околу 250 илјади евра.

 

 

Форумска дискусија за овој проект »овде