Претходна статија
Удрен камен темелник на Соравиа Ресорт
Следна статија
Меркатор повторно го актуелизира влезот во Македонија

Украинскиот „ЛАЗ“ ја доби зделката за 84 автобуси за Скопје

Објавено на 09.12.2009 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Логото на ЛАЗМинистерството за транспорт и врски соопшти дека на тендерот за 80 соло и 4 зглобни автобуси победил украинскиот ЛАЗ (Львівський автомобільний завод). Автомобилскиот завод од градот Лавов понудил автобуси со мотор од германскиот производител Deutz според еуро 4 стандарди, автоматски менувач, предна и задна осовина ЗФ, дигитален тахограф за работа, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички. Вкупната цена за 80-те соло автобуси изнесува 617.267.510 денари, а за 4-те  зглобни 41.968.191 денари. Предвидено е до крајот на 2010 година да бидат испорачани зглобните и најмалку 8 соло автобуси, а останатите во 2011 година.


Автобус ЛАЗЛАЗ е основан во 1945 год, а првиот автобус го произвел во 1956 год. Во Советскиот Сојуз бил помеѓу поголемите производители на автобуси и тролејбуси. Заводот се приватизирал во 2001.


На тендерот учествуваше и полскиот Соларис, а и кинескиот Јутонг кој е учесник и на тендерите за двокатни автобуси. Во последниот обид за набавка на нови автобуси за јавниот превоз во Скопје, бројката на двокатни се намали од 302 на 202, но тендерот за нив повторно пропадна. Исто така никој не достави понуда за 16 минибуси.




Форумска дискусија на оваа тема –> овде