Претходна статија
Фабрика за ветерници кај Желино
Следна статија
ОСВРТ: Македонски железници вози музејски експонати

800 илјади евра за нова инфраструктура во Влае

Објавено на 12.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски, вчера ги презентираше градежните активности што се одвиваваат во населбата Влае. На локацијата зад маркетот на Тинекс, паралелно со изградбата на новите згради, општината одлучи да изгради атмосферска канализација во должина од 765 метри, фекална канализација во должина од 130 метри и топловод во должина од 1.000 метри. По завршувањето на подземната инсталација, предвидено е поставување на рабници и изведба на тротоари во должина од 2.300 метри како и асфалтирање на улицата Новопроектирана. Улицата исто така ќе добие улично осветлување, за што ќе бидат поставени 26 нови столбови, јавува интернет – порталот на општина Карпош.

 

Вкупната инвестиција на општина Карпош во овој проект изнесува 800.000 евра и истиот е планирано да биде завршен до 15 јуни. Градежниот зафат во населбата Влае е еден од 20 – тината зафати кои во моментов се работат од општинските власти, а се состојат од реконструкција на улиците.

 

 

*градежен зафат на ул. Новопроектирана, извор: http://www.karpos.gov.mk


 

Бојан Блажевски