Во присуство на вицепремиерот Владимир Пешевски, денес во општина Желино беше поставен камен темелник за фабрика за ветерни турбини која ќе го носи името „ENFLO Production“. Се работи за швајцарска инвестиција во вредност од пет милиони евра, која треба да отвори 100 нови работни места. Производството се очекува да започне кон крајот на оваа година. Според инвеститорот, доколку проектот биде успешен, инвестицијата треба да порасне на над 20 милиони евра со што ќе се обезбедат минимум 500 работни места. Првата хала чија изградба започна е со површина од 3.500 метри квадратни, а вкупната површина во сопственост на швајцарците е 24.000 метри квадратни, на кои се предвидени четири производствени хали.