Претходна статија
Значително намалување на градежните активности во земјава
Следна статија
Берово доби нов градски плоштад

Промовиран модернизираниот возен парк на МЖ

Објавено на 06.05.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Две електро локомотиви модернизирани во 2009 година, четири дизел маневарки ремонтирани минатата година и 36 нови товарни плато вагони промовираа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во кругот на ранжирната станица „Трубарево“.

 

Покрај модернизираниот возен парк на Македонски железници – Транспорт, беа презентирани и новостите поврзани со претпријатието Македонски железници – Инфраструктура. Инфраструктурата во изминатиот временски период може да се пофали со нов автоматски пружен блок на делницата Клисура – Гевгелија на Коридорот 10 и сигналните уреди  на 14 патни премини на пругата Скопје – Кичево.

 

Од особена важност за Македонски железници – Инфраструктура е новиот телекоманден центар, на чии монитори се контролираат сите возови и железнички станици, како и целосната сигнализација и свртници долж Коридорот 10.

 

#Модернизацијата и тиристоризацијата на електро локомотивите 462-001 и 462-002 е извршена во загребската фабрика Кончар, при што истите беа испорачани во јули 2009 година. Од поодамна е завршена и ремоторизацијата и модернизацијата на четири дизел маневарски локомотиви во фабриката „Централне Делавнице“ во Љубљана. Во текот на ноември 2010 година беше оштетена една од модернизираните дизел маневарки во сообраќајна несреќа на пругата Скопје – Кичево.

 

Вистински поттик за развој на економијата ќе бидат новите 36 товарни плато – вагони. Новите товарни вагони и модернизацијата на возниот парк на Македонски железници – транспорт се проект кој е поддржан од страна на Светската банка.

 

 

Бојан Блажевски