Претходна статија
Во Прилеп наголемо се гради
Следна статија
Бранителите добија споменик во Битола

Се менува фасадата на „Пелистер“

Објавено на 27.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Со денешното отпочнување на градежните работи за промена на фасадата на зградата попозната како „Пелистер“, стартуваше проектот за смена на фасадите на неколку објекти околу Плоштадот Македонија во Скопје. На овој начин и градските власти се вклучија во реализацијата на „Скопје 2014“. Во првата фаза покрај „Пелистер“ ќе биде опфатен и дел од соседниот објект, на улицата Македонија. Површината на фасадата што ќе се реконструира изнесува 1.100 метри квадратни, за што од градската каса на Скопје се издвоени 240.000 евра.  Зафатот опфаќа поставување на челични столбови како носечка конструкција, кои ќе бидат обложени со префабрикувани елементи и завршница од дробен травертински камен, а на места од бакар и ковано железо. Градежните работи ги изведува фирмата „Бауер БГ“, според проектот кој го изработи „Жагра-ком“. Надзорот го врши „Градежен институт Македонија“. Договорот предвидува завршување на интервенцијата во рок од 90 работни дена.

 

Во меѓувреме, во тек е изработка на Идеен и Основен проект за фасадата на објектот на потегот од „Пелистер“ до зградата на „АДГ Пелагонија“, како и за објектот на ул. Никола Вапцаров бр.2 (над кафетеријата „Тренд“). По изготвување на проектите ќе отпочне постапка за избор на изведувач. За зградата на „АДГ Пелагонија“ во тек е распишан конкурс за избор на Идејно решение. Засега градските власти не излегуваат со проценка колку би чинела промената на овие фасади.