Претходна статија
Гранит ќе го гради паркингот и пристапите до „Александар Велики“
Следна статија
Промовирани источната и западната трибина на Националната арена

Пуштени во употреба три нови објекти на преминот Табановце

Објавено на 19.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Најфреквентниот патен граничен премин во државава, Табановце, на македонско – српската граница, од денеска доби три нови современи објекти на Агенцијата за храна и ветерина. Објектите ќе бидат во служба на вршење ветеринарна и фитосанитарна контрола и се очекува значајно намалување на изгубеното време и трошоците на транспортерите кои превезуваат пратки подложни на таква проверка. Финансиите за реализација на проектот, во висина од 1,3 милиони евра, беа обезбедени од Европската унија. После станиците на граничните премини Богородица и Меџитлија, ова е трет ваков капацитет во државава. Во план е да се изградат слични станици и на Ќафасан, Блаце и аеродромот Александар Велики.