Претходна статија
ОСВРТ: Во Скопје панорамски, во внатрешноста никакви автобуси
Следна статија
Пуштени во употреба три нови објекти на преминот Табановце

Гранит ќе го гради паркингот и пристапите до „Александар Велики“

Објавено на 19.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Гранит“ денес објави дека потпишала договор со концесионерот на македонските аеродроми, турски „ТАВ“, за изградба на паркингот и пристапните патишта во рамки на проектот за надградба на аеродромот „Александар Велики“. Зделката е во вредност од 2,3 милиони евра без ДДВ, а рокот за завршување на градежните работи е 15 јуни годинава. Според информации од „ТАВ“, треба да бидат изградени сообраќајници со површина од 44.400 метри квадратни и паркинг простор со површина од 42.500 метри квадратни.