Претходна статија
Опсежна реконструкција на скопските сообраќајници
Следна статија
Отворен за сообраќај нов сегмент од булеварот Србија

Заокружена финансиската конструкција за автопатот Демир Капија – Смоквица

Објавено на 13.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Република Македонија се задолжи кај Европската банка за обнова и развој (EBRD) во висина од 107 милиони евра. Враќањето на кредитот ќе биде во рок од 15 години и со варијабилна каматна стапка која моментно изнесува 2, 59 проценти. Грејс периодот е во траење од три години. Помал дел од средствата, односно 17 милиони евра се наменети за воспоставување на електронски систем за наплата на патарина на постојните наплатни станици и изградба и опремување на четири нови на Коридорот 10. Со 90 милиони евра од овој заем, како и со претходно одобрениот заем од Европската инвестициска банка (130 милиони евра), грантот од ИПА фондовите на ЕУ (45 милиони евра), и шест милиони евра сопствено учество на државата, се заокружува финансиската конструкција за изградба на автопатската делница Демир Капија – Смоквица од Кориодорот 10.

 

Должината на новиот автопат ќе биде 28,2 километри, а вкупната ширина на трасата ќе изнесува 25,6 метри. Ќе има по две ленти од по 3,5 метри за секој правец и по една лента за застанување со ширина од два метри, како и зелен појас од три метри. Предвидени се две клучки, кај селата Миравци и Смоквица, два тунела со должина од околу 1.200 метри, шест мостови со должини помеѓу 100 и 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Како дел од напорите за што помало негативно влијание врз животната средина, проектот опфаќа и изведба на околу 200 премини за животнискиот свет и пошумување на 130 хектари. Распишување на тендер за избор на изведувач се најавува до крајот на овој или на почетокот на следниот  месец, договорот би се потпишал кон крајот на годината, а градежните активности се предвидува да траат пет до шест години.

 

 

Форумска дискусија за овој проект »овде