Претходна статија
„Барокна“ ограда за мостот Гоце Делчев
Следна статија
Граничниот премин Богородица доби Урбанистички план

Струмица се гасифицира

Објавено на 11.04.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Струмица стартуваше изградбата на примарна гасоводна мрежа во должина од 13 километри, преку која со гас ќе бидат снабдени сите јавни објекти и фабриките, а ќе претставува и основа за приклучување на домаќинствата во градот. Изведувач на работите е гевгелиската фирма „Конти Хидропласт“. Ова е прва фаза на проектот за гасификација на Струмица и струмичко која се очекува да биде реализирана до почетокот на октомври годинава. Во втората фаза, се планира проширување на мрежата и приклучување на пластениците и оранжериите, како и населените места околу градот.

 

Инвестицијата во првата фаза изнесува 57 милиони денари, а вкупната инвестиција во целиот проектот ќе чини 230 милиони денари, средства обезбедени од Општината. Засега гасот со специјални цистерни ќе се носи од Петрич, Бугарија, до локални станици за декомпресија во Струмица. Реализацијата на овој значаен енергетски проект требаше да стартува минатата година, но се одолговлече поради несогласувања помеѓу локалната и централната власт.