Покрај кејот на реката Вардар во Ново Лисиче, на сегашниот запуштен простор непосредно до мостот „Близнак“, ќе биде уреден парк со површина од 35.000 метри квадратни. Паркот е конципиран околу осветлена импровизирана писта долга стотина метри на која ќе биде поставена школка од авион. Другите содржини вклучуваат две детски игралишта, плато со бина за одржување на разни манифестации, како и вообичаена парковска урбана опрема. Изведувач на градежните работи е фирмата „Новиком-конструктор”, а инвестицијата во вредност од околу 600 илјади евра е обезбедена од општинскиот буџет