Претходна статија
Измени во планот за спортско-рекреативниот центар во Аеродром
Следна статија
Стоп за ДУП-от „Стара железничка станица“

Продадени 25 хектари во индустриската зона Жабени

Објавено на 23.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ИЗ ЖабениМинистерството за транспорт и врски на јавно наддавање со почетна цена од едно евро за метар квадратен, продаде 19 од понудените 30 парцели во Индустриската зона Жабени кај Битола. Се работи за вкупна површина од 25 хектари, односно 29% од површината на предвидената прва развојна фаза на зоната. Ова е прва успешна продажба на земјиште во ИЗ Жабени. Парцелите ги добија девет домашни и три странски фирми и тие планираат инвестиции во прехрамбената, дрвната и текстилната индустрија. Инвеститорите имаат рок од 15 дена да ги уплатат парите, а оние кои до крајот на овој месец ќе имаат готов проект и ќе се обврзат дека објектите ќе ги изградат до крајот на 2012 година и ќе вработат 20 лица, ќе бидат целосно ослободени од комуналии.

 

Развојот на зоната е планиран во три фази. Во првата фаза се предвидени 104 локации за објекти на вкупна површина од 85 хектари, во втората фаза се предвидени 121 локација на вкупна површина од 88 хектари, а во третата  фаза 34 локации на 43 хектари.