Претходна статија
Започна изградба на катна гаража близу Цветниот пазар
Следна статија
Продадени 25 хектари во индустриската зона Жабени

Измени во планот за спортско-рекреативниот центар во Аеродром

Објавено на 21.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#„Манд интернационал“ се здоби со уште една парцела на просторот покрај кејот на Вардар во Општина Аеродром. За околу 370.000 евра, домашната фирма како единствен учесник на јавното наддавање го купи државното земјиште со површина од 11.408 метри квадратни, предвидено за изградба на забавен парк. Претходно парцелата беше наменета за спортска сала за зимски спортови, но од Општина Аеродром објаснуваат дека се решиле салата да ја префрлат на една од блиските Просторот на кој до 2013 година треба да биде изграден аква паркот на „Манд интернационалпарцели каде првично беше вцртан хотел, бидејќи се испоставило дека за него нема интерес од страна на инвеститорите. Купеното земјиште е во продолжение на просторот каде „Манд интернационал“ веќе работи на реализација на проект за аква парк. Поради големината на дупката која треба да се пополни (останата од функционирањето на големата граджна база на АДГ „Маврово“), речиси цела година од започнувањето на активностите на терен, сеуште се во тек земјените работи.

 

Сопственик доби и парцелата наменета за затворен базен, која се наоѓа во непосредна близина на салата „МЗТ“. За околу 845.000 илјади евра, фирмата „Т-Рекс Стојна и други“ исто така како единствен наддавач го купи државното земјиште со површина од 23.624 метри квадратни. Објектот ќе се гради на основа од 7.205 квадрати и може да има максимална бруто развиена површина од 21.616 квадрати. Максималната висина до венец е утврдена на 12 метри. Инвеститорот најавува дека покрај олимписки базен, во објектот ќе функционира и теретана, финтес и спа центар.

 

 

Постигнати цени за државно земјиште

на брегот на Вардар во Општина Аеродром:

 

Парцела за хотел – 6.500 денари/m2

Парцела за спортска сала – 2.000 денари/m2

Парцела за базен – 2.200 денари/m2

Парцела за аква парк – 2.000 денари/m2

Парцела за забавен парк – 2.000 денари/m2