Претходна статија
Повеќе патници, помалку стока за македонските транспортери
Следна статија
Нов кандидат за хотелот кај Горица

Отворен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Објавено на 10.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Рендер од почетокот на изградбатаВо присуство на високи функционери на власта и бројни гости од странство, денес во Скопје беше отворен Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Објектот со површина од околу 5.000 метри квадратни е лоциран во некогашното еврејско маало, веднаш спроти „стартиот театар“ во изградба. Располага и со сопствена подземна гаража за околу 100 возила. Почна да се гради на 2 септември 2005 година, а засега е завршен музејскиот дел. Поставката во музејот, е дело на тимот на Мајкл Беренбаум, кој бил проект-директор и еден од главните автори на Меморијалниот музејот на холокаустот во Вашингтон. Вториот дел на објектот, кој моментално е во фаза на карабина, се најавува дека ќе биде завршен до 11.03.2013, односно до 70-годишнината од депортацијата на македонските Евреи. Таму беше предвидено да функционира арт-центар, но постои можност првичниот план да биде модификуван. Изведувач на градежните работи е ГТД Бетон Штип, а надзорот го врши Евро Консалтинг. Финансирањето на целиот проект се одвива преку Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кој беше формиран од денационализираните имоти на македонските Евреи без наследници.


Форумска дискусија за овој проект » овде


###

### ### ### ###