Претходна статија
Стапи на сила законот за третман на дивоградбите
Следна статија
Министерството за финансии ќе се сели во „Југобанка“

Распродадени парцелите во индустриската зона Сачево

Објавено на 07.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Речиси 40 хектари во индустриската зона Сачево кај Струмица, преку јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски, преминаа во приватни раце. Шеснаесет домашни и странски инвеститори ја искористија можноста за купување на земјиште со почетна цена од едно евро за метар квадратен и таму планираат да градат фабрика за сушење на овошје и зеленчук,  конзервно преработувачки капацитети, погони од дрвната, текстилната, металната и хемиската индустрија, како и погони за производство на градежни материјали. Директниот финансиски ефект за државата од продажбата на 396-те илјади метри квадратни градежно земјиште изнесува вкупно 460 илјади евра, а очекуваните инвестиции се проценуваат на 15 милиони евра. Првите погони треба да проработат до крајот на годинава. Во индустриската зона Сачево се очекува да се вработат околу 2.000 лица. Таа е една од шесте зони што се градат во Струмица. Четири од нив се инвестиција на Општината, а две се реализираат заедно со Дирекцијата за индустриски зони.