Претходна статија
Еколошката градба е клуч за македонското градежништво
Следна статија
Стапи на сила законот за третман на дивоградбите

Real Estate „Ѕвезда“ за најдобрите проекти

Објавено на 02.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Најдобрите проекти и компании застапени на првиот Меѓународен саем за недвижности и инвестиции, REAL EX Скопје 2011, синоќа на гала манифестација во скпоскиот хотел Александар Палас беа наградени со статуета Real Estate „Ѕвезда“.

 

Real Estate „Ѕвездата“ за најдобра компанија во 2011 година ја доби Адора Инженеринг. Наградата за најдобар дизајн ја доби комплексот „Гранд Престиж“ на Еуроактива и Импексел-2. „Ѕвездата“ за Еко проект на годината и припадна на компанијата Венс инженеринг за нивните нискоенергетски објекти, а за проект од јавно значење „Ѕвездата“ отиде во рацете на турски ТАВ, за реконструкцијата на аеродромите во Македонија. Наградата за најдобар станбен проект ја доби Диас контракшн за проектот „Ново Лисиче“, додека за најдобар комерцијален проект беше наградена фирмата Ремис од Охрид, за апартманскиот комплекс „Хотел Парк“.

 

Изборот на проектите го направи жири составено од француско-американскиот архитект Гај Пери, деканот на скопскиот Градежен факултет, Професор Петар Цветановски и REAL EX тимот на компанијата Леорон, како организатор на целиот настан. На свечената гала манифестација присуствуваа над 150 гости, претставници на владата и на дипломатскиoт кор, бизнисмени, новинари и учесниците на REAL EX. Со свеченото доделување на Real Estate „Ѕвездите“, беше заокружен првиот ден од REAL EX Скопје 2011, кој е отворен за посетители до сабота, од 10 до 19 часот.

 

###

##