Претходна статија
МКЦ во ново руво
Следна статија
ОСВРТ: Градска железница во Скопје?

Легализацијата на дивоградбите ќе почне во март

Објавено на 24.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Собранието го изгласа Законот за постапување со бесправно изградени објекти и тој ќе стапи во сила наредниот месец, по објавувањето во службен весник, а ќе важи во следните шест години. Владата се предомисли и во последен момент даде зелено светло за легализација и на дивоизградените станбени згради. Зградите за разлика од индивидуалните куќи ќе можат да се легализираат по редовните цени за комуналии. Исто така со последните измени, рокот за општините да дадат урбанистичка согласност е продолжен од три на шест месеци. Тие потоа ќе имаат период од пет години за да ги вметнат објектите во урбанистичките планови. Доколку недостасува некој документ, општината може да ја прекине постапката, но таа ќе продолжи во моментот кога документацијата ќе се комплетира.


За поднесување на барање за легализација на граѓаните ќе им требаат три документи – уверение за државјанство или копија од лична карта, доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги, и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот со имотен лист. Геодетските елаборати ќе се наплаќаат според посебен ценовник кој што Владата треба да го усвои на следната седница. Во Агенцијата за катастар на недвижности во моментов се евидентирани 310 илјади дивоградби на целата територија на државата.