Претходна статија
Барокна зграда за Општина Центар
Следна статија
МКЦ во ново руво

Новите ЛАЗ-ови на ЈСП ставени во функција

Објавено на 22.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопјани од денес конечно ќе се возат во новите градски автобуси на украинскиот производител ЛАЗ. Јавното сообраќајно претпријатие ги претстави првите 15 примероци кои веднаш ќе почнат да сообраќаат на линиите број 3, 4, 5, 7, 9, 15, 16, 19, 22 и 24. Свеченоста се одржа на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а потоа следуваше промотивно возење по градските улици. Автобусите се модел „CityLAZ-12LF“, нископодни единечни автобуси со должина од 12 метри и капацитет за 100 патници, од кои 31 место за седење. Во нив е вграден мотор според ЕУРО 4 стандарди за емисија на издувни гасови и автоматски менувач од германскиот произведувач „ZF Friedrichshafen AG“. Цената на еден автобус изнесува околу 125 илјади евра. До крајот на годинава ЈСП треба да добие уште 65 примероци од овој модел, како и четири примероци од зглобниот модел „CityLAZ-18LF“, чија поединечна цена изнесува 171 илјади евра. Исто така до крајот на годинава треба да пристигнат првите 68 двокатни автобуси од Кина, со поединечна цена од 177 илјади евра.


Форумска дискусија на оваа тема » овде


### ### ###