Државно градежно земјиште во кругот на Воената болница, со површина од 11.241 метар квадратен, ќе се продава на јавно наддавање со почетна цена од 12.000 денари за квадрат. Маркичката за градба предвидува здравствена институција со можност за вклучување и класа на намена за мали комерцијални и деловни дејности. Објектот може да има најмногу приземје и четири ката со дозволена висина до венец од 21 метар и максимална бруто развиена површина од 17.022 метри квадратни. Со условите на огласот се бара да бидат обезбедени 380 болнички легла и 150 паркинг места. Рокот за доставување на пријавите за учество е 07.03.2011, а јавното наддавање ќе се оддржи на 15.03.2011.
Соседната, нешто помала парцела со иста намена, во јуни минатата година ја купи Приватната здравствена установа „Филип Втори“ за 12.500 денари за метар квадратен.