Работилницата „Нови содржини за Старата скопска чаршија“ ќе се одржи на 1 април, со почеток од 19 часот, во SkULL во чаршијата. Студентите од Архитектонскиот факултет при УКИМ со обработка на четири теми (Нови зелени површини; Нови јавни простори; Трансформација на паркинг простори; и Подобрување на пристапност и движење) ќе дадат свои предлози за натамошен развој на Старата скопска чаршија. Педагошкиот тим што ја предводи работилницата е составен од професорите Влатко П. Коробар, Јасмина Сиљаноска и Марија Мано Велевска.