Претходна статија
„КЛ Студио“ в четврток со излагање на Архитектонскиот факултет
Следна статија
„Визер“ ги воведе првите четири од новите осум дестинации од двата аеродрома

Усвоени првите ревидирани ДУП-ови во општина Центар по мораториумот

Објавено на 18.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Советниците од општина Центар минатата недела ги усвоија првите два ДУП – а што се корегирани по воспоставениот мораториум за градење на територијата на центарот на Скопје во декември 2017 година. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на својата страница на „Фејсбук“ објасни дека двата детални урбанистички плана за Градска четврт И03 „Мирче Мацан“ и Градска четврт ИО2 „Ново Маало“ се првите што ќе овозможат многу повеќе зеленило, детски игралишта и паркинг места во овие делови од центарот на Скопје.

 

 

Хотелот што требаше да се гради на булеварот „Кочо Рацин“ е избришан и заменет со зеленило, додека новата сообраќајница што ќе се гради низ Ново Маало кај гимназијата Корчагин ќе одземе дел од дворот на ова средно училиште, но истиот ќе се надомести со многу поголема површина за учениците што е предвидена во ДУП – от. Двата нови плана се изготвени во согласност со донесените одредби од законот за зеленило, што ќе значи дека минимум 20% од парцелата за градење ќе мора да има зеленило.

 

Општина Центар годинава ќе продолжи со етапно донесување и на останатите ДУП – ови што се наоѓаат под мораториум во изминативе неколку месеци. Секое заинтересирано лице на веб – страницата на оваа локална самоуправа може да се информира за тоа кои ДУП – ови се наоѓаат во фаза на донесување, при што редовно се врши ажурирање на неопходните чекори од постапката за нивно донесување.