Струшката градежна фирма „Илинден“ ќе ја изведува реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со западно колекторска до магистралниот пат М2. Проектот опфаќа обнова на улицата во должина од 645 метри, заедно со поставување на атмосферска канализација и ново улично осветлување. За градежниот зафат се издвоени над 15,2 милиони денари од буџетот на општина Струга, се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки. Рокот за изведба на градежниот зафат е 90 дена.
*Од минатогодишната реконструкција на дел од улицата „Маршал Тито“ кај градскиот пазар
Улицата „Маршал Тито“ е главната улица од Струга, која започнува како шеталиште од општинската зграда и минува низ старата чаршија, продолжувајќи како улица кон градскиот пазар и западниот излез на градот.