Претходна статија
Архитектите и инженерите се противат на предложениот Закон за бесправно изградени објекти
Следна статија
Годинава реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 3 и 4

„Гранит“ со добивка од 302,7 милиони денари од работењето во 2018 година

Објавено на 16.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежната компанија „Гранит“ од Скопје лани успеала да ја зголеми севкупната добивка од своето работење, односно да оствари профит во висина од 302,7 милиони денари. Вкупните приходи во 2018 година изнесувале 3.986.222 илјади денари и во споредба со 2017 година бележат намалување за 15,09%, се наведува во Годишниот неревидиран финансиски извештај објавен на веб – страницата на Македонска берза. Остварените расходи на „Гранит“ лани се заокружиле на 3.828.687 илјади денари и во однос на 2017 година се намалени за 14,45%.

 

 

Скопски „Гранит“ во 2018 година инвестирал 79.709 илјади денари во основни средства за работа. Од нив, материјалните вложувања опфаќаат 71.072 илјади денари, додека нематеријалните вложувања изнесуваат 8.637 илјади денари.